ГЕНЕРАЦИСКА СРЕДБА “ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА РОМИТЕ ВО РМ” [Back to Gallery]
Здружението на граѓани „Ромаверзитас“, поддржано од Канцеларијата за ромски иницијативи-Фондација Отворено Општество од Будимпешта, организираше генерациска средба во која што учествуваа претходни и сегашни генераци на алумни и студенти.
Целта на настанот беше алумнистите и студентите по повеќе од една декада да се соберат на едно место, да дискутираат на теми и артикулираат нивни перспективи за прашања како што се: „Каде сме сега ? Каде сметаме дека треба да бидеме ? Како да се движиме до посакуваната позиција ? Како да ги искористиме нашите потенцијали за да и’ помогнеме на нашата заедница? “. Целта на настанот произлегува од тековниот контекст за потребата од потикнување на заедница и индивидуи, движења, групи и структури кои се организирани и меѓусебно поврзани, а водени од заеднички интерес и повисоки цели.