Работилница на тема „Емоционална интелигенција“ [Back to Gallery]
На 24 февруари 2019 година, се спроведе еднодневна работилница на тема „Емоционална интелигенција“, со обучувачот Лазар Ѓуров. Целта на работилницата е изучување на начини на справување со лични и туѓи емоционални реакции, трансформирање на недоразбирања и проблеми во креативни и продуктивни решенија, како и градење на себеси во поефикасни и поефективни личности.
Активноста е дел од проектот „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности “ финансиран од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.