Ораторски настапи „РОМСКИОТ НАРОД - МИНАТО, СЕГАШНОСТ, ИДНИНА“ [Back to Gallery]
„РОМСКИОТ НАРОД - МИНАТО, СЕГАШНОСТ, ИДНИНА“ се одржа на 4 април 2019 година, во Македонскиот Народен Театар (МНТ), со цел да се артикулираат одредени тековни проблеми, да се артикулираат и аргументираат одредени ставови на ораторите, да се охрабрат, поттикнат, наградат и афирмираат активни, критични и делотворни студенти. Настанот содржа ораторски настапи од страна на студенти Роми, доделување признанија на дипломирани Роми на прв циклус на студии во 2018 година, доделување награди на најдобри студенти Роми во Ромаверзитас во академската 2017/2018 година, доделување сертификати за учество на работилници за личен и професионален развој на студенти Роми - корисници во 2018/2019 година и доделување благодарници на ораторите за нивните напишани и одржани говори на настанот.