Летна школа (средношколци Роми) - Струга [Back to Gallery]
Ромаверзитас Македонија како партнерска организација на Ромскиот едукативен фонд во Будимпешта (РЕФ),во рамки на проектот: „Зголемување на пристапот и учеството на средношколците Роми во образованието и транзиција на пазарот на труд“,финасиран до Европската унија, во период од 1 до 4 јули, во Струга организираше летна школа. На летната школа учествуваа 29 средношколци Роми кои имаа можност да се стекнат со знаења и вештини потребни за пазарот на труд (пишување на CV ,мотивациско писмо; управување со време) теми поврзани со вработување и самовработување, начини и механизми за отворање сопствен бизнис; и работни сесии посветени на подготовка на бизнис план. Целта беше зголемување на компетентноста на младите Роми заради полесна транзиција на пазарот на труд, и потикнување на претприемачкиот дух. Оваа летна школа овозможи стекнување на теоретски и практични знаења, многу дружење и заеднички моменти кои што потикнаа нови знаења и искуства .Во летниот период неколку средношколци се вклучени во работни пракси кај работодавачи со кој што Ромаверзитас потпиша меморандум за соработка. Исто така дел од овие лица се вклучени и во менторска подршка за подготовка и развој на бизнис план.