Информативна средба за РЕФ - Програмите за стипендирање [Back to Gallery]
На 29 Април 2016 година во просториите на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во Скопје, беше одржана информативна средба за РЕФ - Програмите за стипендирање за студенти и матуранти Роми .
Средбата беше организирана од страна на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ и Националниот координатор за РЕФ - Програмите за стипендирање во Македонија
г-ѓа Ајсел Амет.
На информативната средба беа презентирани РЕФ - Програмите за стипендирање и главните активности на РОМАВЕРЗИТАС од страна на г-ѓа Ајсел Амет (Националниот координатор за РЕФ - Програмите за стипендирање во Македонија) и г-дин Силхан Саитов (проектен координатор во Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“)