Работилница на тема: Ромски идентитет и ромско движење - Скопје [Back to Gallery]
На 21 Мај 2016 година во Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во Скопје се одржа работилница на тема „Ромски идентитет и ромско движење“ како една од работилниците за зајакнување на ромскиот идентитет во рамки на Програмата за зајакнување на академските постигнувања и личните капацитети на студентите Роми во Република Македонија за академската 2015/2016 година.
Работилницата во однос на ромскиот идентитет имаше за цел кај учесниците да го зголеми разбирањето на концептот идентитет и подобри свесноста за себе, да се подобри свеста за различноста на идентитетот на една личност, да се подобри свеста за факторите кои влијаат врз изградбата на личниот и колективниот идентитет, како и да се анализира етничкиот и политички идентитет на Ромите во Република Македонија.
Работилницата во однос на ромското движење имаше за цел учесниците да се запознаваат со ромското движење во Република Македонија, да се запознаваат со ромското движење во Европа, како и да дефинираат кои се следните чекори од страна на младите во Ромското движење.
Работилницата за „Ромски идентитет и ромско движење“
беше испорачана од г-дин Адем Адеми и м-р Суад Скендери.