Средба со матуранти Роми [Back to Gallery]
Во соработка со Министерството за образование и наука на Р. Македонија на ден 20 Јуни 2017 година на Филозофскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се оддржа настанот Средба со матуранти Роми.
Основната цел на оваа средба беше да се мотивираат идните матуранти Роми да го продолжат своето образование, да станат академски граѓани и активни чинители во целокупното општество, но и да се здобијат со корисни информации во однос на престојниот Конкурс за запишување на факултетите во Македонија и постоечките програми за стипендирање кои подржуваат студенти Роми.
На настанот говореа претставници од Министерството за образование и наука, Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на зедниците, Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ и Ромскиот Образовен фонд (РЕФ) Програма за стипендирање од Будимпешта.
Свој придонес на настанот дадоа и тројца млади Роми кои го споделија своето успешно искуство за вклучување во високото образование и пазарот на трудот.
Во пријатна атмосфера присутните матуранти се здобија со корисни информации кои несомнено ќе им бидат од голема важност за понатамошните активности во процесот на интеграција во високото образование.
Овој настан е дел од проектот „Ромаверзитас – академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“, финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ), Будимпешта.