Информативни средби со студенти Роми од Македонија [Back to Gallery]
На 18ти и 19ти Октомври 2017 година се одржаа две средби со студенти Роми запишани на додипломски студии во академската 2017/18 на било кој од универзитетите и факултетите во Република Македонија и во било која од годините на студирање.
На средбите беше презентиран проекттот „Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“ преку неговите 5 компоненти:
1. Вклучување на матуранти во високото образование
2. Академска поддршка и развој
3. Личен и професионален развој
4. Вклучување, волонтеризам и активизам
5. Ромски идентитет
На овие две средби исто така се промовираше е-Ромаверзитас - веб апликација во која сите овогодинешни корисници на програмата ќе имаат свој профил, се' со цел полесно следење на нивниот напредок и регулирање на сите можности кои ги нуди ЗГ „РОМАВЕРЗИТАС“.
Овој, како и минатиот две-годишен проект, финансиски е поддржан од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) од Будимпешта.