ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ ВО РМ [Back to Gallery]
На 18 Ноември 2017 беше одржана еднодневна работилница на тема: Политичкиот систем на Република Македонија. На оваа работилница студентите се запознаа со политички систем, класификации на политичките системи, организација на власта: собрание, влада и претседател, избори, изборен систем, изборниот систем во РМ, политички партии и партиски систем.
Сите планирани сесии од работилницата беа успешно спроведени преку интерактивни вежби, индивидуална и работа во групи.
Оваа работилица е прва од вкупно четирите работилници во модулот од четири работилници за студенти во последните две години на студии. Оваа работилница беше испорачана од Марко Кртолица, докторанд на Правен факултет „Јустинијан први“ во Скопје.
Работилницата на тема: Политичкиот систем во РМ е дел од проектот „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ), Будимпешта.