МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕ [Back to Gallery]
На 25 Ноември 2017 беше одржана еднодневна работилница на тема: Менаџирање на време. На оваа работилница студентите се запознаа со важноста на времето за успех на професионален и приватен план, дефинирање на краткорочни, среднорочни и долгорочни цели.
Вториот дел од работилницита беше насочен на важноста од приоретизирањето на своите активности со точно време и траење, креирање на TO DO листа и елиминирање на крадците на времето.
Сите овие сегменти од работилницата беа успешно исполнети, а студентите преку интерактивни вежби во групи ги проширија своите знаења.
Оваа работилица е прва од вкупно трите предвидени за модулот „РАБОТИЛНИЦИ ЗА ТЕХНИКИ ЗА АКАДЕМСКИ ВЕШТИНИ“ и истата беше испорачана од д-р Лазар Ѓуров, експерт во оваа област.
Работилницата на тема: Менаџирање на време е дел од проектот „ Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), Будимпешта.