Пишување есеи, образложување на став и нудење решение на проблем [Back to Gallery]
На 16 Декември 2017 беше одржана еднодневна работилница на тема „Пишување есеи, образложување на став и нудење решение на проблем“.
На оваа работилница студентите се запознаа со тоа како да ги практицираат чекорите за пишување параграф и развивање на параграфите во есеи
Вториот дел од работилницита беше насочен кон тоа да научат како писмено се образложува одреден проблем и се нуди решение.
Сите овие сегменти од работилницата беа успешно исполнети, а студентите ги проширија своите знаења преку давање на мислење за некоја состојба во локалниот контекст и низ креативни аудио и видео активности, каде што артикулираа ставови и планираа есеи.
Оваа работилица е втора од вкупно трите предвидени за модулот „РАБОТИЛНИЦИ ЗА ТЕХНИКИ ЗА АКАДЕМСКИ ВЕШТИНИ“ и истата беше испорачана од проф д-р Мира Беќар , доктор по Применета лингвистика и доцент на Катедрата за англиски јазик и книжевност, при Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески“.
Работилницата на тема „Пишување есеи, образложување на став и нудење решение на проблем“ е дел од проектот „ Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), Будимпешта.