ОСНОВИ НА ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА – АКЦИСКИ ИСТРАЖУВАЊА [Back to Gallery]
На 10 февруари 2018 год., се спроведе првиот дел од модулот Техники за истражувачка работа на тема: „Основи на истражувачка работа – Акциски истражувања“.
Целта на оваа работилница е студентите да се запознаат со видовите емпириски истражувања во општествените науки (научни наспроти ненаучни методи, фундаментални, применети, акциски истражувања и евалуации), запознавање со фазите низ кои се одвиваат акциските истражувања (поставување проблем на истражувањето, идентификација на техники за прибирање податоци, теренска работа и начини на обработка на податоците) и мотивирање на учесниците за земање учество во акциски истражувања
На оваа работилница студентите се запознаа со разликите меѓу научни и ненаучни методи, општи истражувачки методи, видови на истражувања и типични извори на податоци, фази во акциските истражувања, и формулација на проблем. Во индивидуални вежби, учесниците на работилницата направија обиди за самостојно формулирање на истражувачки проблеми. Правењето дистинкција меѓу истражувачки проблем во акциските истражувања и формулација на истражувачко прашање кое е емпириски верификабилно, се покажа како сериозен предизвик за учесниците. Исто така, се запознаа со тоа што е популација, какви видови примероци постојат, и типични примероци за акциски истражувања. На крајот од работилницата се формираа 4 тима, кои добија задача до наредната работилница да изработат план за акциско истражување.
Обучувач на работилницата „Основи на истражувачка работа – Акциски истражувања“: проф. Николина Кениг
Работилницата на тема „ „Основи на истражувачка работа – Акциски истражување “ е дел од проектот „ Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), Будимпешта.