Методологија на научно - истражувачка работа: Анкетирање [Back to Gallery]
На 03 март 2018 год., се спроведе вториот дел од модулот Техники за истражувачка работа на тема: Методологија на научно - истражувачка работа: анкетирање.
Целта на оваа работилница е студентите да се запознаат со видовите техники за прибирање податоци при анкетирањето, со нивните предности и недостатоци и со критериумите на избор при различни истражувачки прашања. како се прават прашања за анкетен прашалник и интервју преку изработка на сопствен прашалник/интервју соодветен за истражувачки проблем идентификуван на претходната работилница,
Се дискутираа критички изработените планови на истражување, учесниците беа запознаени со различните формати на прашања од затворен тип и со типичните грешки во формулацијата. Тие самостојно изработуваа прашања од секој вид/формат и идентификуваа грешки во веќе подготвен прашалник. Изработуваа прашања во рамки на избраната група за микро истражување, од вкупно четирите кои беа формирани. Сесијата заврши со презентирање на прашањата и нивно групно дискутирање. Во последната сесија, учесниците беа запознаени со стратегиите на логичко и психолошко редење на прашањата. Сите учесници учествуваа во изработка на инструмент за потребите на планираните микро-истражувања
Обучувач на работилницата „Методологија на научно - истражувачка работа: Анкетирање“ проф. Николина Кениг
Работилницата на тема „ Методологија на научно - истражувачка работа: анкетирање “ е дел од проектот „ Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), Будимпешта.