Работилница на тема Техники за ефективно и ефикасно учење. [Back to Gallery]
На 24 Септември 2016 година беше одржана работилница на тема: Техники за ефективно и ефикасно учење во просториите на Правен факултет „Јустинијан први“.
Работилницата имаше за цел учесниците на да се стекнат со:
- познавање на техниките и стратегиите за ефикасно и ефективно учење
- препознавање на својот стил на учење
- запознавање со најзначајните современи методи за успешно учење
- ослободување од стресот пред испит
Обучувач на работилницата беше доц. д-р Светлана Пандилоска Грнчаровска.
По завршувањето на работилницата сите учесници се стекнаа со сертификат за учество.
Работилниците за зајакнување на академските способности на студенти Роми се дел од Проектот: Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија, финансиран од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ).