Новости
Сто стипендии за студенти Роми
- Детали
- Објавено: Вторник, 09 Јануари 2018 12:04
- Посети: 11571
Вкупно 100 студенти Роми ќе бидат стипендирани во текот на своето образование согласно Конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2017/2018 година.
Конкурсот го објави Министерството за образование и наука. Стипендија ќе добијат студенти припадници на Ромската етничка заедница, кои се државјани на Република Македонија и не користат друга стипендија.
Освен ова, при одлучување за тоа кој ќе добие стипендија влијае и средниот успех од сите четири години од средното образование за студентите кои се запишани во прва година на студии или средниот успех од сите претходни студиски години за студентите кои студираат во сите останати години и потоа, да бидат редовни студенти на некој факултет.
Во Конкурсот се наведува дека предност при селекција ќе имаат студентите Роми кои студираат на јавните или приватните факултети во Република Македонија кои образуваат наставен кадар.