Новости
Македонија интензивно работи на интеграција на Ромите
- Детали
- Објавено: Среда, 31 Октомври 2018 14:17
- Посети: 1251
Македонија работи на намалување на видливите разлики во третманот на Ромите и на останатите етнички групи, иако интеграцијата на Ромите е мошне подобрена. Индикатор за ова е посебната ставка за Ромите во државниот буџет (пари наменети за најважните од Стратегијата за Роми - образование, домување, вработување и здравство). Од 2009 година, Министерството за труд и социјална политика нагласува дека за имплементирање на проектите од оваа Стратегија биле одвоени околу 5,7 миниони евра.
На презентацијата на Извештајот за спроведување на јавните политики за интеграција на Ромите во Македонија за ланската година, министерката Мила Царовска истакна дека „Македонија е една од првите држави што пристапи во регионалните процеси за планирање и преземање конкретни мерки за подготовка на Стратегија за Ромите и национални акциски планови, но е и членка на иницијативата Интеграција на Ромите 2020. Оваа иницијатива има цел да го подобри социо-економскиот статус и социјалната инклузија на Ромите, но и да ја зголеми соработката помеѓу владите и граѓанскиот сектор за решавање на ова прашање. Исто така, се мобилизираат сите национални и меѓународни ресурси за остварување на приоритетите како што е ИПА инструментот, координацијата на надворешната помош“.