Повик за стручно лице за спроведување на активности за професионална ориентација и кариерно планирање на матуранти Роми за академската 2018/2019 година
- Детали
- Објавено: Понеделник, 28 Јануари 2019 09:00
- Посети: 2743
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“, објавува повик за стручно лице за спроведување на активности за професионална ориентација и кариерно планирање на матуранти Роми за академската 2018/2019 година, во рамки на проектот: „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.
Повик за стручно лице кое ќе испорача курс по ромски јазик, историја и култура за академската 2018/2019 година
- Детали
- Објавено: Четврток, 24 Јануари 2019 11:02
- Посети: 2695
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ објавува повик за стручно лице кое ќе испорача курс по ромски јазик, историја и култура, со цел зголемување на информираноста на студентите Роми за ромскиот јазик, историја и култура, зајакнување на нивниот ромски идентитет, како и воспоставување на позитивни практики за учење и негување на ромскиот јазик, историја, култура и идентитет во рамки на проектот: „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.
Povik-za-stuchno-lice-za-isporaka-na-kurs-po-romski-jazik.pdf
Повик за студент претставник на корисниците на проектот на Ромаверзитас
- Детали
- Објавено: Петок, 28 Декември 2018 20:36
- Посети: 2553
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” објавува повик за пријавување на студенти Роми за кандидат за претставник на студентите Роми - корисници на проектот „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“.
Документите за пријавување треба да се достават по електронски пат на е-маил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 18 јануари 2019 година.
Проектот е финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ), Будимпешта.
Повик за студент претставник на корисниците на проектот на Ромаверзитас
Повик за доставување на понуди за спроведување на курс по странски јазици
- Детали
- Објавено: Сабота, 19 Јануари 2019 16:06
- Посети: 2782
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ Скопје Ве покануваат да доставите понуда за спроведување на курс по странски јазици за корисници на проектот „Ромаверзитас – со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, кој е финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.
Доставувањето на понуди за курс по странски јазици е најдоцна до 25.01.2019 година
Povik za dostavuvanje na ponudi za kurs po stranski jazici.pdf
Повик за волонтери
- Детали
- Објавено: Среда, 14 Ноември 2018 10:08
- Посети: 3466
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” објавува Повик за волонтери кои ќе даваат знаења, вештини и услуги во корист на Ромаверзитас и заедницата, повремено или редовно, на доброволна основа, без финансиска добивка, во времетраење и честота зависно од желбата и можностите на волонтерот.
Волонтерот во Ромаверзитас може да извршува волонтерска работа во одреден обем/број на волонтерски часови и временски период согласно желбата и можностите на волонтерот во рамки на политиката за волонтирање на Ромаверзитас. Волонтерот може да извршува најмногу 36 волонтерски часови во текот на еден месец.




















