Повик за 12 експерти за подготовка на Наставна програма за Лидерство за млади дипломирани Роми
- Детали
- Објавено: Вторник, 29 Мај 2018 15:38
- Посети: 12589
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” со поддршка на Канцеларијата за Ромски иницијативи – Будимпешта, Фондација отворено општество во рамките на Барвалипе-Македонија, објавува повик за 12 експерти за подготовка на Наставна програма за Лидерство за млади дипломирани Роми.
Повик за подготовка на основна студија
- Детали
- Објавено: Четврток, 22 Март 2018 11:51
- Посети: 15120
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” со поддршка на Канцеларија за ромски иницијативи – Будимпешта, Фондација отворено општество, во рамките на Барвалипе-Македонија, подготвителна фаза за подготовка на Програма за лидерство насочена кон Роми со завршено високо образование, објавува повик за подготовка на основна студија.
Повик за ангажирање на три лица за туторска поддршка на деца за стекнување и унапредување на основни вештини
- Детали
- Објавено: Петок, 09 Март 2018 11:56
- Посети: 7048
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” објавува повик за ангажирање на три лица за туторска поддршка на деца за стекнување и унапредување на основни вештини – кои што се потребни во образовниот систем, во рамки на проектот „Од замисла до реализација – Модел за вистинско вклучување во образование“ финансиран од Европската унија, под-грант на проектот „Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите „ во рамките на ИПА Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015, EuropeAid/151569/DD/ACT/MK.
Ромаверзитас со повик за микроистражувачки проекти
- Детали
- Објавено: Среда, 14 Март 2018 11:54
- Посети: 12426
Тим од најмалку двајца студенти/алумни и ментор може да аплицира за грант за микроистражувачки проекти на најновиот повик на здружението на граѓани „Ромаверзитас“. Апликанти може да бидат само учесниците на една од двете веќе одржани работилници од модулот за Техники за микроистражување.
Со овој повик, Ромаверзитас обезбедува поддршка студентите Роми да стекнат дополнителни знаења, вештини и практична работа за подготвување и спроведуваање на истражувања, да ги надградат своите способности за критична анализа и пишување и со нивниот истражувачки труд, да влијаат врз унапредување на состојбите опфатени со истражувањето.
Мобилни ромски книги
- Детали
- Објавено: Понеделник, 12 Февруари 2018 08:34
- Посети: 6135
Mладинска размена во рамките на програмата Млади во акција
Проектот "Мобилни ромски книги" е младинска размена организирана во рамките на програмата Млади во акција (Nr2017- 3-TR01-KA105-048556), со финансиска поддршка од Европската комисија, која ќе се спроведува во Медитеранската федерација за здруженија на Ромите / Мерсин / Турција, помеѓу 5 април - 14 април 2018 година.




















