Биди дел од заедницата – Дебатирај!
Реализираните дебати ги постигнаа нивните очекувања
- Детали
- Објавено: Четврток, 14 Март 2019 14:16
- Посети: 1655
Со спроведувањето на дебати преку проектот „Биди дел од заедницата - дебатирај!“, дебатерите се стекнаа со подготвеност да преземаат предизвик да проучуваат теми од многубројни извори, па со љубопитност и критичко размислување да изготвуваат говори за разновидни социјални и политички прашања.
Дебатите беа исполнети со аргументи, идеи и креативни решенија кои беа искажани смирено и јасно од страна на дебатерите. Вкупно пет дебати беа дел од проектот „Биди дел од заедницата - дебатирај!“ на Ромаверзитас, финансиран од Фондација Отворено Општество - Македонија.