romaversitas.org.mk

Наука и знаење

Активизам во време на криза - што недостасува и што да се подобри кај младите? (Џенгис Бериша)

Секоја криза е „лакмусов тест“ (брз метод за одредување на довербата/веродостојноста) за системот на државата, без оглед на правната рамка, структурата или општествената гранка на која припаѓа. Во кризна ситуација, слабостите и судирите во рамки на демократијата, владеење на правото, правата и обврските и конкретно, активизмот како алатка, се детерминираат преку принципот за обезбедување простор за креативно и посветено ангажирање на секој чинител на општествениот поредок за преземање активности со што ќе се промени моменталната состојба.

 

За појавата на кризите во секоја држава има многу причини – некои од нив искрснуваат одненадеж, други со тек на време, трети поради вонредна ситуација. Односно, некои имаат надворешни, други внатрешни причини. Некои се одразуваат на целото општествено случување, други само на одредено подрачје или територија.

Што недостасува? - Добро управување кое може да придонесе до тоа активизмот да спречи негативните настани да извршат влијание врз државата и граѓаните или да ескалираат на ниво на криза или катастрофа. Имено, би било премногу оптимистички да се тврди дека доброто управување може да ги спречи сите кризи, но сепак може да биде од помош, затоа што со доброто управување и примената на секаков вид активизам се придобиваат низа општествени бенефиции.

Хипотезата е дека критичните времиња во одредена држава се идеална прилика да видиме што ќе се случува во иднина. Затоа што активизмот треба да биде основна алатка и механизам на секоја држава за справување со криза. За жал, во нашата држава, активизмот не е систематизиран како механизам на државата и ни се нудат како опција. Од друга страна, многу е важно какви техники ќе се користат кога ќе се излезе на терен при утврдување на фактичка состојба.

Факт е дека секој од нас (на директен или индиректен начин) сме биле вклучени во некакви акции, кампањи, јавни собири и сме имале чувство дека се случуваат „големи работи“ и дека со случувањето сигурно ќе се постигне општествена промена. Но, реалноста е многу поинаква! Секогаш е мал процентот на луѓе кои се спремни да дадат поддршка и да учествуваат во придонес на процесот и покрај очигледно алармантната ситуација. Многу често наидуваме на причината дека „моето присуство не менува ништо“.

Клучно што недостасува е солидарноста помеѓу секоја морална индивидуа, да си подадат рака еден на друг, односно тие кои што имаат повеќе да им дадат на оние коишто имаат помалку. Само на тој начин ќе се справиме во борбата за надминување на кризната состојба за која сите се залагаме во даден момент.

Паралелно, надминувањето на кризна состојба може да се овозможи преку моделот „од младите за народот“. И намалувањето на бројот на луѓе кои се движат на улица и во продавници за да купат артикли за потребите на своето семејство ќе придонесе во напорите за надминување на кризна состојба. Дополнително, може да се направат групи граѓани (заштитени со ракавици, маски и скафандери) кои ќе купуваат за секоја улица/зграда, бидејќи само на таков начин може да се намали бројот на луѓе кои ќе се движат за да купат прехрамбени артикли или други продукти кои им се потребни.

Исто така, нужна е потребата од евидентирање на семејствата кои не можат да си купат храна и основни хигиенски средства и да се пренесат тие информации до надлежни институции и хуманитарни организации за да им се даде помош.

Што да се подобри кај младите? - Основната поента е активизмот што треба да биде управуван од младите луѓе како примарна движечка сила и суштински сегмент во движењето на прогресот за општествено добро. Активизам по дефиниција претставува ангажман на младите за организирање промени или придонес во справување со определена состојба. Со активно партиципирање на младите во општествените процеси се воспоставува фокусирана стратегија, се преземаат водствени улоги и застапување на определена проблематика во справување и борба против повеќе пристапи.

Кога ќе се спомене поимот активизам, тој мора да се поврзе со граѓаните, вклучувајќи ги во себе материјалните, духовните и моралните вредности. Самиот поим активизам дава сознание дека странува збор за состојба која се презема за определена ситуација, во дадено општество кое се смета за ситуизирано-евалуирано.

Преземањето акција со определена цел, односно спроведување одредена активност или комбинација на акции за да се предизвикаат посакувани и очекувани последици и резултати, означуваат целокупен активизам. Оттука, како карактеристика на граѓанското општество, активизмот значи неприфаќање на пасивната улога на која се сведени граѓаните во услови на претставничка демократија или на некој недемократски режим и нивно ангажирање за подигање на свеста околу некое прашање или влијаење врз процесот на одлучување.

Лидерот Мартин Лутер Кинг вели дека „Понекогаш доаѓа време кога човек мора да заземе положба која не е ниту безбедна, ниту политичка, ниту популарна, но мора да ја зазаеме бидејќи совеста му вели дека така е правилно“.

Во овој контекст, подобрувањето на активизмот на секој човек ја има главната улога за напредок на општеството, тој е столб на секоја држава, како и столб на солидарноста и достоинството. Содржината на активизмот се пренесува од генерација на генерација и тоа по пат на образование и воспитување. Таа е спротивна на варварството и на девијаштвото, како и на аберативното однесување на поедини групи луѓе.

Во рамки на тоа што треба да се подобри кај младите што ќе придонесе во целокупниот процес на делување, како екстензивни поими се: општеството, народот, човештвото и културата.

Културата го обезбедува опстанокот и претставува збир од материјални и духовни вредности кои се под влијание на традиционалните и на современите промени кои го формираат прифатливото однесување на едно општество;

Со појавата на културата, настанал и човекот. Општо земено, со самото развивање на општеството се развива и човекот низ различни стадиуми, на кого се даваат различни значења или белези во општеството. Ниту, човекот и човештвото може да се замисли без општество-природата, ниту општеството може да се замисли, односно би било функционално без човекот;

За да ги воспостави врските во општеството, да ги оствари своите права, интереси и потреби, народот се грижи општеството да го организира, т.е. да воспостави некаков ред и поредок;

Денешното општество уште е наречено општество на организација, како и општество на современа цивилизација.

Синтетизирани сите параметри претставуваат постојан процес што недостасува кај младите кој што е заснован на определени вредности и насочен кон идеално утро. Активизмот е главен фактор за правење промени во општествената заедница и ќе го задржи истиот континуитет, ставајки акцент на човековото достоинство и солидарноста, како и на природната заедница штитејќи ја од најразлични штетни влијанија и справување со криза.

Генерален заклучок за активизам во време на криза е надлежните министерства и државата да покаже отворена желба и да соработува со здруженијата на граѓани и активистите, како и со младите кои ја познаваат реалната состојба на теренот. Потоа, со видлива алокација на буџетски средства да се преземат потребните мерки, за да се применливи и достапни за крајните корисници – граѓаните.

Автор: Џенгис Бериша /Правник/
-Студент на последипломски студии на Факултетот за правни науки во Битола, насока Меѓународно право, право на ЕУ и дипломатија

КАЛЕНДАР НА АКТИВНОСТИ

 

А К Т И В Н О С Т И

ПЕРИОД

1.

ПРОМОЦИЈА И ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ СО КОРИСНИЦИТЕ НА СТИПЕНДИЈА – СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Јануари

2.

МЕНТОРСТВО ОД УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОРИ ДОКАЖАНИ ВО СВОЈАТА ОБЛАСТ

10 Ментори, за студенти на прва година запишани во приватните или државните универзитети во Република Северна Македонија

Февруари – Јуни

3.

ТУТОРСТВО ОД ПРОФЕСОРИ, АСИСТЕНТИ, КОЛЕГИ И ВРСНИЦИ УСПЕШНИ ВО ПРЕДМЕТНАТА ОБЛАСТ

 30 студенти од сите студиски години запишани во приватните или државните универзитети во Република Северна Македонија, заради полесно совладување на материјата во предметната област.

Јануари - Август

4.

РАБОТНИ ПРАКСИ ЗА СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Број : 20 Студенти

20 Средношколци

20 Ментори за средношколците при извршување на работната пракса

Период : 3 Месеци

Работни пракси во институции, НВО, приватни фирми и компании

Јануари - Август

5.

БИБЛИОТЕКА НА РОМАВЕРЗИТАС

Студенти и корисници на Ромаверзитас. Набавка на нови книги потребни за користење од страна на студентите на Ромаверзитас

Јануари - Август

6.

МЕСЕЧНИ СОСТАНОЦИ СО СТУДЕНТИТЕ НА РОМАВЕРЗИТАС И КВАРТАЛНИ СОСТАНОЦИ СО СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ КОРИСНИЦИ НА СТИПЕНДИЈА

Јануари - Август

7.

НАДОГРАДБА НА ПЛАТФОРМА Еромаверзитас И МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА СИТЕ СТУДЕНТИ И КОРИСНИЦИ НА РОМАВЕРЗИТАС

Јануари - Август

8.

ПОДРШКА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ,ФОРМИРАЊЕ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА УНИЈА НА МЛАДИ НА РОМАВЕРЗИТАС

Дебати, номинација и наградување на најдобрите студенти на генерацијата, Подршка на СИП (студентски иницијативи, кампањи), регистрирање во платформата ЕРомаверзитас и користење на мобилна апликација еРомаверзитас.

Јануари – Август

9.

ЗАБАВА, ПИКНИК, ТЕАТАР, ФИЛМСКА ВЕЧЕР И ДРУГИ ИНИЦИЈАТИВИ

Јануари – Август

10.

РОМА ИНДЕКС

Број на вклучени лица: 5 лица и еден ментор

Јануари - Август

11.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ВАЖНИ ДАТУМИ ЗА РОМСКИОТ НАРОД

Јануари - Август

12.

КУРС ЗА КОМПЈУТЕРИ

Број : 7 студенти на Ромаверзитас и

10 матуранти

Јануари - Август

13.

ПОДГОТОВКА НА БИЗНИС ПЛАНОВИ ЗА МАТУРАНТИ

Јуни – август

14.

ЗИМСКА БИЗНИС ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ ЗА ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Број : 20 Студенти,

Локација: надвор од Скопје, 4 ноќевања

Февруари

15.

ЗИМСКА ШКОЛА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ НА ТЕМА :

- ИДЕНТИТЕТ, ВЛАДЕЊЕ НА ПРАВО, ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА И ДЕМОКРАТИЈА И

- ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВРАБОТЛИВОСТА И НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД НА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ

Број : 40 Средношколци,

Локација: надвор од Скопје

Февруари

16.

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: АКТИВИЗАМ И УЧЕСТВОТО НА ОБРАЗОВАНИ РОМИ ВО ЈАВНИТЕ ПОЛИТИКИ 

Број : 20  учесници

 

Локација:  надвор од Скопје

Февруари 

17.

СЕМИНАР НА ТЕМА: АКАДЕМСКИ ТЕХНИКИ И АКАДЕМСКО ПИШУВАЊЕ

 - Управување со време и Приоритизација,

- Кооперативно учење и делегирање, Истражување Анализа

- Академско пишување и критично размислување

Број : 45 Студенти,

Локација: надвор од Скопје

Април

18.

ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ

Број : 25 средношколци

Локација: Ромаверзитас

Мај

19.

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: ПИШУВАЊЕ НА ЈАВЕН ДОКУМЕНТ И МЕНТОРСТВО ЗА ПОДГОТОВКА НА POLICY BRIEF 

Број : 17 учесници, 

 

Локација:  надвор од Скопје

Мај

20.

ИНФОРМАТИВНИ И МОТИВАЦИСКИ СРЕДБИ СО МАТУРАНТИ

Мај – Август

21.

ТУТОРСТВО ЗА МАТУРАНТИ И ПОДГОТОВКА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ

за наставните предмети по математика, јазик, странски јазик и друг стручен предмет

Мај - Јуни

22.

ВРСНИЧКО МЕНТОРСТВО ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ

Ангажирање на 10 ментори Роми, алумни на РВ за период од 2 месеци

Опфатени 20 средношколци

Април - Мај

23.

 РЕГИОНАЛНА ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ НА ТЕМА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ И НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Број: 45 учесници,

Локација: надвор од Скопје

Јули - Август

24.

ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ

Број: 27 учесници,

Локација: надвор од Скопје

Јули - Август

Донатори

Соработници

Видео