romaversitas.org.mk

Ромски идентитет

Контакт центарот и помага на заедницата во справување со предизвиците од Корона вирусот (Ајџан Маликоска)

Интервју со м-р Ферик Сулејманов, кој сега работи како координатор на контакт Центар за поддршка на Ромската заедница во справување со Covid-19, разговаравме за новонастанатата состојба и за неговата идеја за отворање на контакт центар за помош на ромската заедница.

Контакт центарот и помага на Заедницата во справување со предизвиците од корона вирусот

М-р Ферик Сулејманов е магистер во областа на Економските науки и логистика на бизнисот. Ангажиран е во здружението на граѓани „Ромаверзитас“ како координатор за вработување во рамки на проектот “Зголемување на пристапот и учеството на ученици Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд“, финансиран од Европска Унија и Ромскиот Образовен Форум (РЕФ).

1. Проблемите со корона вирусот создадоа уште поголеми проблеми во нормалното живеење на луѓето. Одлучивте да и помогнете на ромската заедница преку отворање на кол центар. Зошто? 

Да, Корона вирусот создаде проблеми во глобални рамки и се уште го попречува нормалното функционирање на луѓето. Ситуацијата, која беше нова и за нас, создаде дополнителни предизвици за кои искрено не бевме доволно подготвени. Планираните проектни активности, поради ситуацијата со Ковид-19, требаше да се модифицираат. Дојдов до идеја, активноста „работни пракси во приватни фирми и организации“ да се пренамени во контакт центар кој ќе работи за заедницата и ќе нуди помош во овие тешки мигови. Да и помогнеме на Ромската заедница, бидејќи, за жал, само нашата заедница се уште е и се третира како маргинализирана.

2. Како функционира овој центар, колку луѓе работат и дали успеваат да ги задоволат барањата на граѓаните? Со кои предизвици се соочувате?

Контакт центарот „Работа за заедницата“ работи 24/7. Ангажирани се вкупно 41 средношколец на територија на нашата држава, шест студенти и три доктори Роми. Тие работат неуморно во три смени за да и помогнат на својата заедница. Контакт центарот нуди стручна медицинска помош, логистичка помош, техничка помош, мапирање на проблемите со кои се соочува Ромската заедница и упатуваат. Секојдневно се соочуваме со различни предизвици и се трудиме да пристапиме најадекватно.

3. Што значи различни предизвици? Кој проблем најчесто се појавува? Што најчесто се бара?

Предизвиците најчесто се поврзани со малата информираност на Ромската заедница со мерките и начините за превенција од Корона вирусот, потоа несоодветниот наратив на здравствените работници кон Ромската заедница и нееднаквиот третман. Заедницата најчесто бара совети за превенција од вирусот, насоки и упатување до соодветни институции согласно нивните потреби.

4. Кој го финансира проектот? Дали тоа е ваша инвестиција? Имате ли поддршка од општината или од државата?

Проектот е финансиран од Европската Унија и Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) од Будимпешта. Проектот го имплементира „Ромаверзитас“ – Скопје. Засега немаме поддршка од државата и општината, но убеден сум и верувам дека ќе допреме и до нив и ќе добиеме поддршка во наредниот период.

5. Како ромската заедница го прифати овој центар? Ќе остане ли да функционира и по завршување на кризата?

Контакт центарот е предвиден да функционира до средината на јули годинава. Како уникатна идеја одлично е прифатен од Заедницата. Се трудиме да постигнеме одлични резултати за да продолжи да функционира и во иднина.

6. Што значи ова за граѓаните Роми?

Контакт центарот за Ромската заедница, пред се, значи поддршка во справувањето со вирусот, стручни медицински совети и упатување, медицински третмани и лекување од доктори Роми кои се грижат за почитување на мерките за превенција и полесно справување со Корона вирусот. 

 

Интервјуто го направи: Ајџан Маликоска

 

Рамка: Опис на активноста  

Преку проектот „Зголемување на пристапот и учеството на студенти Роми во високото образование и транзиција на пазарот на труд“, Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ во рамките на контакт Центарот „Работа за заедницата“ овозможи работна пракса за студенти Роми, медицински работници и средношколци во период од април до јуни годинава. Контакт Центарот функционира 24/7 и дава поддршка на Ромската заедница за справување со Covid-19 на национално ниво. Од друга страна, практикантите ги градат сопствените капацитети во насока на комуникација, пишување извештаи, собирање податоци, водење на дата бази, координирање и организирање на логистичка поддршка, застапување, односи со јавност, решавање на проблеми, тимска работа, искуство за работа и функционирање во време на кризи. 

 

 Прочитајте го целиот артикл во PDF формат

 

КАЛЕНДАР НА АКТИВНОСТИ

 

А К Т И В Н О С Т И

ПЕРИОД

1.

ПРОМОЦИЈА И ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ СО КОРИСНИЦИТЕ НА СТИПЕНДИЈА – СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Јануари

2.

МЕНТОРСТВО ОД УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОРИ ДОКАЖАНИ ВО СВОЈАТА ОБЛАСТ

10 Ментори, за студенти на прва година запишани во приватните или државните универзитети во Република Северна Македонија

Февруари – Јуни

3.

ТУТОРСТВО ОД ПРОФЕСОРИ, АСИСТЕНТИ, КОЛЕГИ И ВРСНИЦИ УСПЕШНИ ВО ПРЕДМЕТНАТА ОБЛАСТ

 30 студенти од сите студиски години запишани во приватните или државните универзитети во Република Северна Македонија, заради полесно совладување на материјата во предметната област.

Јануари - Август

4.

РАБОТНИ ПРАКСИ ЗА СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Број : 20 Студенти

20 Средношколци

20 Ментори за средношколците при извршување на работната пракса

Период : 3 Месеци

Работни пракси во институции, НВО, приватни фирми и компании

Јануари - Август

5.

БИБЛИОТЕКА НА РОМАВЕРЗИТАС

Студенти и корисници на Ромаверзитас. Набавка на нови книги потребни за користење од страна на студентите на Ромаверзитас

Јануари - Август

6.

МЕСЕЧНИ СОСТАНОЦИ СО СТУДЕНТИТЕ НА РОМАВЕРЗИТАС И КВАРТАЛНИ СОСТАНОЦИ СО СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ КОРИСНИЦИ НА СТИПЕНДИЈА

Јануари - Август

7.

НАДОГРАДБА НА ПЛАТФОРМА Еромаверзитас И МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА СИТЕ СТУДЕНТИ И КОРИСНИЦИ НА РОМАВЕРЗИТАС

Јануари - Август

8.

ПОДРШКА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ,ФОРМИРАЊЕ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА УНИЈА НА МЛАДИ НА РОМАВЕРЗИТАС

Дебати, номинација и наградување на најдобрите студенти на генерацијата, Подршка на СИП (студентски иницијативи, кампањи), регистрирање во платформата ЕРомаверзитас и користење на мобилна апликација еРомаверзитас.

Јануари – Август

9.

ЗАБАВА, ПИКНИК, ТЕАТАР, ФИЛМСКА ВЕЧЕР И ДРУГИ ИНИЦИЈАТИВИ

Јануари – Август

10.

РОМА ИНДЕКС

Број на вклучени лица: 5 лица и еден ментор

Јануари - Август

11.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ВАЖНИ ДАТУМИ ЗА РОМСКИОТ НАРОД

Јануари - Август

12.

КУРС ЗА КОМПЈУТЕРИ

Број : 7 студенти на Ромаверзитас и

10 матуранти

Јануари - Август

13.

ПОДГОТОВКА НА БИЗНИС ПЛАНОВИ ЗА МАТУРАНТИ

Јуни – август

14.

ЗИМСКА БИЗНИС ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ ЗА ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Број : 20 Студенти,

Локација: надвор од Скопје, 4 ноќевања

Февруари

15.

ЗИМСКА ШКОЛА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ НА ТЕМА :

- ИДЕНТИТЕТ, ВЛАДЕЊЕ НА ПРАВО, ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА И ДЕМОКРАТИЈА И

- ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВРАБОТЛИВОСТА И НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД НА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ

Број : 40 Средношколци,

Локација: надвор од Скопје

Февруари

16.

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: АКТИВИЗАМ И УЧЕСТВОТО НА ОБРАЗОВАНИ РОМИ ВО ЈАВНИТЕ ПОЛИТИКИ 

Број : 20  учесници

 

Локација:  надвор од Скопје

Февруари 

17.

СЕМИНАР НА ТЕМА: АКАДЕМСКИ ТЕХНИКИ И АКАДЕМСКО ПИШУВАЊЕ

 - Управување со време и Приоритизација,

- Кооперативно учење и делегирање, Истражување Анализа

- Академско пишување и критично размислување

Број : 45 Студенти,

Локација: надвор од Скопје

Април

18.

ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ

Број : 25 средношколци

Локација: Ромаверзитас

Мај

19.

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: ПИШУВАЊЕ НА ЈАВЕН ДОКУМЕНТ И МЕНТОРСТВО ЗА ПОДГОТОВКА НА POLICY BRIEF 

Број : 17 учесници, 

 

Локација:  надвор од Скопје

Мај

20.

ИНФОРМАТИВНИ И МОТИВАЦИСКИ СРЕДБИ СО МАТУРАНТИ

Мај – Август

21.

ТУТОРСТВО ЗА МАТУРАНТИ И ПОДГОТОВКА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ

за наставните предмети по математика, јазик, странски јазик и друг стручен предмет

Мај - Јуни

22.

ВРСНИЧКО МЕНТОРСТВО ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ

Ангажирање на 10 ментори Роми, алумни на РВ за период од 2 месеци

Опфатени 20 средношколци

Април - Мај

23.

 РЕГИОНАЛНА ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ НА ТЕМА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ И НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Број: 45 учесници,

Локација: надвор од Скопје

Јули - Август

24.

ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ

Број: 27 учесници,

Локација: надвор од Скопје

Јули - Август

Донатори

Соработници

Видео