Извршна канцеларија
- Детали
- Посети: 32302
Кристијан Ангелков, Менаџер на Ромаверзитас
Кристијан Ангелков е магистер по Менаџмент на човечки ресурси во општествените дејности, отсек Претприемништво и иновации, со посебен осврт кон невладините и религиските организации, кои истите ги заврши на Универзитето „Кирил и Методиј“ - Скопје. Своите додипломски студии ги има завршено на истиот универзитет, на Филозофскиот факултет, отсек Социологија, аналитичко подрачје. Своето образование го има надополнето со Педагошко, психолошка и методолошка доквалификација. Кристијан има долгогодишно работно искуство во воспитно-образовниот процес во нашата држава, а исто така бил вклучен во менаџерските активности на повеќе комерцијални организации и компании.
Сирхан Усеин, Проектен координатор за студенско организирање, Ромаверзитас и Аваја
Студент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје при УКИМ. Роден во Белгија, Антверпен од мојата 3 година живееам во Скопје. Активист и волонтер во повеќе невладинии организации.
Проект „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности “
Надир Усеин, проектен асистент
Студент сум на катедрата за "Меѓународни односи и интеркултурни студии“ при Универзитетот Св.Кирил и Методиј. Отсекогаш сум посакувал да направам промена во моето општество, токму таа желба ме мотивира да бидам активен и да дадам придонес во мојата заедница.
Мобилен: 075 269 164
Емаил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Селика Аљиљи, заменик финансиски офицер
Студент на Економски факултет при Универзитет "Кирил и Методиј". Бев волонтер во Црвен крст, Ромаверзитас и различни невладини организации. Учествувам на различни обуки и работилници за коминикациски вештини, лидерство, менаџирање на време и сл. Секогаш сум тука за поддршка на колеги и за соработка.
Мобилен: 076 619 810
Емаил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Шенас Имер, административен асистент
Aпсолвент на Филозовски факултет УКИМ на Институт за Историја – Историја со Архивистика.Активист во невладин сектор.
Мобилен: 075 269 165
Емаил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Проект „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности “
Силхан Саитов, проектен менаџер, Септември 2017 – Август 2019
Во овој период студира на постдипломските студии по јавно здравје на Медицински факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Силхан Саитов е дипломиран доктор по медицина при Медицинскиот факултет на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“. Покрај тоа, беше практикант, кластер асистент за Медиа и арт клубот и член во Советодавниот одбор на Програмата за образование на Роми/РОМАВЕРЗИТАС. Исто така, беше вработен како контакт лице за Ромските Здравствени Медијатори, лидер на Клуб на млади на Црвен крст – Шуто Оризари, практикант во Институтот по јавно здравје и обучувач за застапување и здравствени теми.
Фикрија Таир, проектен координатор, Ноември 2017 – Август 2019
Фикрија е алумни на Ромаверзитас, магистер по јавни политики при Централноевропскиот универзитет - (CEU) во Будимпешта, Р. Унгарија и дипломиран финансиски менаџер на Економскиот Факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј "во Скопје. Претходно, Фикрија беше дел од ЕУ- пилот проектот “Градење на капацитетот на ромското граѓанско општество и зајакнување на неговата вклученост во мониторингот на Националните стратегии за интеграција на Ромите“ на Истражувачкиот Центар за Јавни политики при Централноевропскиот универзитет (Center for Policy Studies-CPS), во Будимпешта Р. Унгарија, финансиран од Европската комисија. Исто така, Фикрија беше помлада истражувачка во Институтот за Европска Политика во Скопје како дел од програмата на Open Society Foundation (OSF), “Making the most of EU funds for Roma”. Понатаму, Фикрија беше практикант во Народната банка на РМ во секторот за Внатрешна ревизија, има работено на проекти имплементирани од страна на Римскиот Ресурсен Центар, Националниот Демократски Институт во Скопје, Бизнис Конфедерацијата на Македонија, на проекти поврзани со иновативно и претприемачко учење, транспарентност и отчетност на буџетско известување, образование, организирање на заедницата, проекти поврзани со Ромки и други активности и настани поврзани со ромската етничка заедница.
Сеара Сулејман - Османи, финансиски офицер, Септември 2017 – Август 2019
Сеара Сулејман-Османи е дипломиран економист на департманот Сметководство и ревизија, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Моментално е студент на постдипломски студии на Економскиот факултет при Универзитет Св. Кирил и Методиј, департман Сметководство и ревизија. Во 2013 година волонтираше девет месеци во Стопанска Банка А.Д. Скопје, во секторот за кредитен ризик за банкарство на мало. Во 2014 работеше како локален асистент на проектот „Туторска поддршка на ученици Роми во второ, третто и четвртто одделение во ОУ Браќа Рамиз и Хамид во општина Шуто Оризари“, спроведен од Ромски Ресурсен Центар – Скопје.
Инес Амет, проектен асистент, Февруари 2018 – Август 2019
Инес Амет е апсолвент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, катедра Превод и толкување - Англиски и германски јазик, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје. Има долгогодишно искуство во невладиниот сектор и неформалното образование, преку волонтеризам, работно искуство како проектен асистент во европски проекти, како „Еднакви можности на Ромките за учество на пазарот на труд“, „Достоен живот - право на лични документи“, имлементирани од страна на РАЖМ Лулуди. Исто така, има учествувано на локални и меѓународни семинари и обуки на различни тематики од областа на човекови права, проектен циклус, родова еднаквост, родово-базирано насилство, младински активизам, компетенции за вработување и уште многу други.
Ален Умер, проектен асистент, Ноември 2017 – Јануари 2018
Во овој период работи како наставник по ромски јазик во основното училиште „26 Јули“ во Шуто Оризари. Ален е дипломиран радиолошки технолог на Медицинскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Покрај тоа, има спроведено две истражувања за ромската заедница насловени како „Проблемите и потребите на студентите Роми во првиот циклус на студии“ и „Здравствено-економски последици од пушењето кај младите Роми од Скопје“, беше практикант во Институтот за Јавно здравје на Република Македонија каде што има изготвено анализа насловена како „Здравствена состојба и политики на Ромите за унапредување на нивното здравје“, беше локален соработник за Роми повратници во Шуто Оризари, координатор за здравство при Клуб на млади на Црвен Крст – Шуто Оризари и едукатор за здравствени теми.
Проект „Конект за организирано делување на младите Роми“
Силхан Саитов, проектен координатор, 01 Ноември 2016 – 01 Мај 2017
Сеара Сулејман – Османи, финансиски асистент, 01 Ноември 2016 – 01 Мај 2017
Проект „Ромаверзитас - академска и друга поддршка за студенти Роми во Македонија“
Рамиза Сакип, проектен менаџер, Октомври 2015 – Јули 2016
Силхан Саитов, проектен координатор, Октомври 2015 – Јули 2016, проектен менаџер, Август 2016 – Август 2017
Сеара Сулејман - Османи, финансиски асистент, Октомври 2015 – Август 2017
Шенај Османов, локален проектен координатор во Штип, Октомври 2015 – Август 2017
Дениз Исмаили, локален проектен координатор во Тетово, Октомври 2015 – Август 2017