Извршна канцеларија
- Детали
- Посети: 32299
Проект „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности “
Силхан Саитов, проектен менаџер, Септември 2017 – Август 2019
Во овој период студира на постдипломските студии по јавно здравје на Медицински факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Силхан Саитов е дипломиран доктор по медицина при Медицинскиот факултет на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“. Покрај тоа, беше практикант, кластер асистент за Медиа и арт клубот и член во Советодавниот одбор на Програмата за образование на Роми/РОМАВЕРЗИТАС. Исто така, беше вработен како контакт лице за Ромските Здравствени Медијатори, лидер на Клуб на млади на Црвен крст – Шуто Оризари, практикант во Институтот по јавно здравје и обучувач за застапување и здравствени теми.
Фикрија Таир, проектен координатор, Ноември 2017 – Август 2019
Фикрија е алумни на Ромаверзитас, магистер по јавни политики при Централноевропскиот универзитет - (CEU) во Будимпешта, Р. Унгарија и дипломиран финансиски менаџер на Економскиот Факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј "во Скопје. Претходно, Фикрија беше дел од ЕУ- пилот проектот “Градење на капацитетот на ромското граѓанско општество и зајакнување на неговата вклученост во мониторингот на Националните стратегии за интеграција на Ромите“ на Истражувачкиот Центар за Јавни политики при Централноевропскиот универзитет (Center for Policy Studies-CPS), во Будимпешта Р. Унгарија, финансиран од Европската комисија. Исто така, Фикрија беше помлада истражувачка во Институтот за Европска Политика во Скопје како дел од програмата на Open Society Foundation (OSF), “Making the most of EU funds for Roma”. Понатаму, Фикрија беше практикант во Народната банка на РМ во секторот за Внатрешна ревизија, има работено на проекти имплементирани од страна на Римскиот Ресурсен Центар, Националниот Демократски Институт во Скопје, Бизнис Конфедерацијата на Македонија, на проекти поврзани со иновативно и претприемачко учење, транспарентност и отчетност на буџетско известување, образование, организирање на заедницата, проекти поврзани со Ромки и други активности и настани поврзани со ромската етничка заедница.
Сеара Сулејман - Османи, финансиски офицер, Септември 2017 – Август 2019
Сеара Сулејман-Османи е дипломиран економист на департманот Сметководство и ревизија, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Моментално е студент на постдипломски студии на Економскиот факултет при Универзитет Св. Кирил и Методиј, департман Сметководство и ревизија. Во 2013 година волонтираше девет месеци во Стопанска Банка А.Д. Скопје, во секторот за кредитен ризик за банкарство на мало. Во 2014 работеше како локален асистент на проектот „Туторска поддршка на ученици Роми во второ, третто и четвртто одделение во ОУ Браќа Рамиз и Хамид во општина Шуто Оризари“, спроведен од Ромски Ресурсен Центар – Скопје.
Инес Амет, проектен асистент, Февруари 2018 – Август 2019
Инес Амет е апсолвент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, катедра Превод и толкување - Англиски и германски јазик, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје. Има долгогодишно искуство во невладиниот сектор и неформалното образование, преку волонтеризам, работно искуство како проектен асистент во европски проекти, како „Еднакви можности на Ромките за учество на пазарот на труд“, „Достоен живот - право на лични документи“, имлементирани од страна на РАЖМ Лулуди. Исто така, има учествувано на локални и меѓународни семинари и обуки на различни тематики од областа на човекови права, проектен циклус, родова еднаквост, родово-базирано насилство, младински активизам, компетенции за вработување и уште многу други.
Ален Умер, проектен асистент, Ноември 2017 – Јануари 2018
Во овој период работи како наставник по ромски јазик во основното училиште „26 Јули“ во Шуто Оризари. Ален е дипломиран радиолошки технолог на Медицинскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Покрај тоа, има спроведено две истражувања за ромската заедница насловени како „Проблемите и потребите на студентите Роми во првиот циклус на студии“ и „Здравствено-економски последици од пушењето кај младите Роми од Скопје“, беше практикант во Институтот за Јавно здравје на Република Македонија каде што има изготвено анализа насловена како „Здравствена состојба и политики на Ромите за унапредување на нивното здравје“, беше локален соработник за Роми повратници во Шуто Оризари, координатор за здравство при Клуб на млади на Црвен Крст – Шуто Оризари и едукатор за здравствени теми.