Повик за учесници на Компјутерски курс во академската 2019/20 година
- Детали
- Објавено: Среда, 19 Февруари 2020 11:41
- Посети: 897
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” во рамки на проектот „Ромаверзитас – со развој и активизам кон еднаква интеграција и можности“ финансиран од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) од Будимпешта.“ објавува повик до студенти Роми и алумни; за изразување на интерес за учество на курс за компјутери во рамките на компонентата на проектот академската подршка и развој.
Проектот е целосно поддржан од страна на Ромскиот образовен фонд (РЕФ) Будимпешта.
Во академската 2019/2020 година, за учество на курсот за компјутери ќе може да се вклучат 10 лица.
Оваа активност ќе им овозможи на корисниците, курс за компјутерска писменост и стекнување со основни или напредни знаења и вештини за дигитална работа, особено за програмите на Microsoft Office, вклучувајчи и работа со платформата на еРомаверзитас и мобилната апликација на Ромаверзитас.
Курсевите ќе бидат спроведени според наставен план кој ќе содржи 18 наставни единици (една наставна единица по 45 минути). Спроведувањето на наставните единици ќе биде двапати во неделата.
Термините за испорачување на курсевите ќе бидат во согласност со можностите на целната група. Временската рамка за спроведување на курсот за компјутери е два месеци.
1.Условиза изразување на интерес од страна на студентите и алумните е на следниот начин:
- Изразување на интерес преку пополнување на Барање за учество во Курсот за компјутери (линк) пополнуваат само студентите
- Копиран/скениран индекс со увид за положени испити (за студенти)
- ЦВ лично биографија, доставени лично во просториите на Ромаверзитас или на е-маил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со назнака пријавување за Курс за компјутери за 2019-20. * алумните на Ромаверзитас доставуваат само ЦВ
2.Краен рок за пријавување
Горенаведените документите за пријавување треба да се достават најдоцна до 15 март 2020 година.
Во рамките на курсот обучувачот кој што ќе го спроведува Курсот за компјутери е должен на сите учесници и на Нарачателот на курсот да им : - дистрибуира наставни средства (материјали) за секој учесник на курсот во текот на спроведувањето на наставна единица - Да обезбеди хартиена и електронска евиденција за учесниците на курсот по компјутерска едукација, во примероци дадени од нарачателот; - Да подготви и спроведе проверка на знаењето на секој учесник пред спроведување на курсот, доколку учесникот претходно не посетил и успешно завршил одреден курс; - Да врши групирање на учесниците во степени соодветнo на нивните знаења; - Да подготви и спроведе тековни и завршни тестирања на знаењата и вештините; - Да достави известување за редовноста, постигнатиот успех, напредокот и мислење за секој учесник, по целовкупното спроведување на наставните единици, според примерокот доставен од страна на нарачателот на услугата; - Да го извести нарачателот на услугата, во случај на три отсуства или напуштање - на курсот на некој од учесниците; ( доколку еден учесник отсуствува повеќе од три пати ги истиот е должен да ги подмири трошоците на курсот во износ од 70% од настанатите трошоци ) - Да ги достави сите спроведени почетни, тековни и завршни тестирања на учесниците, во оригинална или копирана или електронска форма, до нарачателот на услугата; - Да го контролира процесот на пополнување на електронска форма на евалуациони прашалници, кои ќе бидат дистрибуирани од нарачателот и да обезбеди успешно спроведување на процесот на евалуација; - Да обезбеди услови, пристап и достапност до сите расположливи информации при мониторинг и евалуација, од страна на Нарачателот и донаторот кои се задолжени за мониторинг и евалуација на курсот - Да подготви соодветен сертификат за завршен курс по компјутери кое ќе содржи назив на курсот, степен на курсот, име и презиме на учесникот, датум, место, нарачател на курсот, печат, потпис и сл, за секој учесник, најдоцна 5 работни дена од денот на завршување на курсот; - Да додели сертификат за завршен курс по компјутери на секој учесник кој успешно ќе го заврши курсот. - Политиката за успешно завршен курс ќе биде предмет на договор на почетокот на спроведувањето на курсот; - Да достави хартиен и скениран примерок од доделените сертификати до нарачателот на услугата |