Студенти и алумнисти на Ромаверзитас се стекнаа со сертификат за успешно завршен курс по странски јазик
- Детали
- Објавено: 12 Август 2019
- Посети: 1738


Вкупно 55 студенти и алумнисти на Ромаверзитас во Скопје, Битола, Штип, Куманово, Прилеп и Струмица посетуваа курс по странски јазик. Тие успешно го завршија курсот и се здобија со сертификати за познавање на одреден степен на странски јазик.
Матуранти информирани и мотивирани да се запишат на факултет
- Детали
- Објавено: 08 Август 2019
- Посети: 1766


Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ спроведе средба со матуранти Роми со цел да ги информира за тековните конкурси за упис на прв циклус на студии, за поддршките кои им се нудат како студенти, како и да се мотивираат да продолжат со своето образование. На информативната средба со матуранти присуствуваа матуранти Роми од повеќе градови од Р.С.Македонија кои планираат да продолжат со своето образование.
Да не дозволиме геноцидот од минатото тивко да продолжи во нашата сегашност
- Детали
- Објавено: 02 Август 2019
- Посети: 1861


На комеморацијата на „2 Август - Денот на Геноцидот врз Ромите за време на Втората светска војна“, во Меморијалниот Центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, од сите присутни беше испратена заедничка порака „Геноцидот врз Ромите да се спомне и да не се повтори“. Настанот опфати комеморативни говори, видео проекција на краток филм, изведба на извадок од претставата „Злосторникот“и проекција на видео порака од студентите на Ромаверзитас.
Продолжување на крајниот рок за аплицирање на повикот за практикантска работа во Мисијата на ОБСЕ во Скопје во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и учеството на студенти Роми во високото образование и транзиција на пазарот на труд, финансиран о
- Детали
- Објавено: 01 Август 2019
- Посети: 2465


Здружение на граѓани „Ромаверзитас“ во рамките на проектот "Зголемување на пристапот и учеството на студентите Роми во високото образование и транзиција на пазарот на труд" објавува повик за практикантска работа на еден (1) студент/ка во Мисијата на ОБСЕ во Скопје за период од 3.5 месеци.