Ромаверзитас ќе учествува во проектот „Зголемени можности за образование на учениците Роми и младите од Западен Балкан и Турција"
- Детали
- Објавено: 04 Декември 2018
- Посети: 1307


Здружението на граѓани Ромаверзитас од Македонија е една од 13-те партнерски организации кои ќе учествуваат во спроведување на проектот "Зголемени можности за образование на учениците Роми и младите од Западен Балкан и Турција", финансиран од Европската Унија. Избраните организации ќе работат на проширување и подобрување на пристапот до квалитетно образование во раното детство и во основното училиште, зголемување на квалитетот на кадарот за вработување на средношколците Роми и зголемување на пристапот и учество на учениците во високо образование и транзиција кон пазарот на труд.
РЕФ бара донации за нов деловен простор
- Детали
- Објавено: 03 Декември 2018
- Посети: 1777


Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) бара донации за изнајмување нов деловен простор, откако неодамна, до темел изгоре досегашното седиште во Будимпешта. Вработените останаа без своите канцеларии. Затоа РЕФ ги повикува сите кои ја знаат вредноста на образованието и на активизмот на ромските деца, млади и семејства, да донираат за побрзо обезбедување на ново седиште за Фондот.
Стартува кампања „Бојкотирам попис без етничка припадност“
- Детали
- Објавено: 01 Декември 2018
- Посети: 1638


Група граѓани Роми не се согласуваат со најавата дека на наредниот попис нема да можат да ја изразат својата етничка и верска припадност. Поради ова, тие организираат кампања насловена како „Бојкотирам попис без етничка припадност“. Целта на оваа кампања, велат тие, е да ги информираат граѓаните дека постои можност да се спроведе попишување според мајчиниот јазик и јазикот кој се говори во рамките на домаќинството.
Се одржа Рома фест
- Детали
- Објавено: 24 Ноември 2018
- Посети: 1283


Дваесет и пет музички имиња беа дел од овогодинешниот концерт на ромска традиционална музика Рома фест, кој минатата недела се одржа во Македонската опера и балет. Познатиот Хусеин Еминовиќ и диригентот Иван Еминовиќ ја потсетија публиката на звукот на традиционалните песни на ромската заедница во Македонија. Како дел од репертоарот беа испеани познатите нумери „Šutko“, „Kemano bašal e Romange“, песната „Androvera“, „Phirav mange korkoro“ и многу други стари ромски песни од познати интерпретатори.