Повик за обучувачи за испорака на обуки за академски техники и пишување
- Детали
- Објавено: 26 Февруари 2020
- Посети: 1133
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во рамките на проектот „Ромаверзитас - Со развој и активизам кон еднаквa интеграција и можности“ кој што е финансиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) од Будимпешта, објавува повик за двајца обучувачи за испорака на обука за студенти на прва и втора година на студии на тема Градење на тим и Академски техники и за студенти од сите години на студии на тема Академско пишување. Овие семинари се дел од неформалното образование што го нуди Ромаверзитас на студентите.
Повик за регистрација на интерес од студенти на прва и втора година на студии
- Детали
- Објавено: 26 Февруари 2020
- Посети: 1392
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во рамките на проектот „Ромаверзитас - Со развој и активизам кон еднаквa интеграција и можности“ кој што е финансиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) од Будимпешта, објавува повик за регистрација на интерес од студенти на прва и втора година на студии, за учество на семинар на тема Градење на тим и Академски техники и за студенти од сите години на студии на тема Градење на тим и Академско пишување.
Барање за доставување понуди за спроведување на курс за компјутерска едукација
- Детали
- Објавено: 25 Февруари 2020
- Посети: 1120
Ромаверзитас Македонија е партнерска организација на Ромскиот едукативен фонд во Будимпешта (РЕФ) и како таква е назначена за учество во регионалниот проект "Зголемени можности за образование на студенти Роми и млади Роми во Западен Балкан и Турција", финансиран од Европската Унија. Главната цел на регионалниот проект е да се затвори јазот меѓу Ромите и не-Ромите, да се обезбеди пристап до квалитетно образование за Ромите во сите фази и да се обезбеди непречена транзиција од образованието до вработување промовирање на трајни системски промени во Западен Балкан и Турција.
Повик за учесници за курс за компјутерска едукација за програмите Microsoft Office и користење на интернет/e-mail
- Детали
- Објавено: 25 Февруари 2020
- Посети: 1127
Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ - Скопје во рамките на проектот: „Зголемување на пристапот и учеството на учениците Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд“, финансиран од Европска Унија и РЕФ, објавува повик за УЧЕСНИЦИ ЗА КУРС ЗА КОМПЈУТЕРСКА ЕДУКАЦИЈА ЗА ПРОГРАМИТЕ MICROSOFT OFFICE И КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ/E-MAIL
Пријавените и селектирани лица ќе имаат можност да посетуваат бесплатен интензивен курс во период од два месеци (Март 2020 – Април 2020) за работа со компјутери и да се стекнат со знаење и сертификат за работа со компјутери и алатките на Microsoft Office пактетот.





















