Повик за обучувачи
- Детали
- Објавено: 17 Октомври 2018
- Посети: 5722


Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“, објавува повик за обучувачи за испорака на работилници за зајакнување на личните, академските и професионалните вештини и способности на студентите Роми во рамки на проектот: „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.
Пријавувањето за обучувачи за испорака на работилници во текот на акaдемската 2018/19година на горенаведените теми е најдоцна до 25 октомври 2018 година.овик за обучувачи.
Повик за ментори
- Детали
- Објавено: 17 Октомври 2018
- Посети: 6160


Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во рамки на проектот: „Ромаверзитас- Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, објавува повик за ментори кои ќе одржуваат индивидуални менторски средби со студенти Роми следејќи ја динамиката на реализација на индивидуален работен план подготвени од страна на менторот и студентот/менторираниот. Проектот е целосно поддржан од страна на Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), од Будимпешта.
Краен рок за пријавување за повикот за ментори е 23 ноември (петок) 2018.
Повик за тутори
- Детали
- Објавено: 17 Октомври 2018
- Посети: 5892


Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” во рамки на проектот “Ромаверзитас- Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“ објавува повик за пријавување во база на тутори за одржување на туторски часови за одреден наставен предмет за студенти Роми на додипломски студии на државните и приватните универзитети во Република Македонија. Проектот е целосно поддржан од страна на Ромскиот образовен фонд (РЕФ), Будимпешта.
Пријавувањето за тутор во база на тутори е отворено во текот на академската 2018/19 година, најдоцна до 31 мај 2019.
Повик за вклучување во активностите за академската 2018/2019 година
- Детали
- Објавено: 16 Октомври 2018
- Посети: 5728


Повик за студенти и дипломирани Роми, како и Алумни на Ромаверзитас, кои се на постдипломски студии во државните и приватните универзитети во Република Македонија.
Повик за вклучување во активностите за академската 2018/2019 година.pdf