Геноцидот врз Ромите да се спомне и да не се повтори
- Детали
- Објавено: 08 Август 2018
- Посети: 14585


Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ и Кабинетот на Министерот без ресор Аксел Ахмедовски, задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020 организираа настан по повод комеморација на 2 Август - Денот на геноцидот врз Ромите за време на Втората светска војна, во просториите на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Скопје.
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Нотарска канцеларија на нотар Емилија Георгиевска Аџиска и Ромаверзитас
- Детали
- Објавено: 20 Јули 2018
- Посети: 6436


Здружение на граѓани „Ромаверзитас“ и нотарската канцеларија на нотар Емилија Георгиевска Аџиска потпишаа меморандум за соработка. Со потпишувањето на овој меморандум Ромаверзитас и нотарската канцеларија на нотар Емилија Георгиевска Аџиска ќе соработуваат во период од 3 месеци во спроведувањето на волонтерска работа во рамки на проектот „Ромаверзитас - Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности”, коj е финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.
Роми матуранти подготвени за упис на прв циклус студии
- Детали
- Објавено: 12 Јули 2018
- Посети: 12452


Здружение на граѓани „Ромаверзитас“ спроведе средба со матуранти Роми со цел да ги информира за тековните конкурси за упис на прв циклус на студии, за поддршките кои им се нудат како студенти, како и да се мотивираат да продолжат со своето образование. На средбата со наслов „Информирање и мотивирање на матуранти 2017/18“ присуствуваа матуранти Роми од повеќе градови од Р.Македонија кои од септември планираат да продолжат со своето образование и да се запишат на факултет.
Бордот на Ромскиот образовен фонд одржа средба со Ромаверзитас, студентите и алумните на РЕФ
- Детали
- Објавено: 25 Јуни 2018
- Посети: 11357


Бордот на Ромскиот образовен фонд (РЕФ) одржа средба со Извршниот одбор на Ромаверзитас , менаџментот на Ромаверзитас и студентите и алумните Роми на РЕФ. На средбата, Извршниот одбор на Ромаверзитас ги презентираше стратешките определби и дејстување на организацијата, менаџментот на Ромаверзитас презентираше за состојбите и резултатите во однос на пристап и партиципација на Ромите во високото образование, пристап и партиципација на дипломираните Роми во пазарот на трудот и целовкупното општество и околу постоењето и влијанието на активната Ромаверзитас заедница, а студентите и алумните Роми дискутираа за нивните досегашни искуства и идни перспективи во однос на интервенциите на Ромскиот образовен фонд.