З.Г. „Ромаверзитас“ со настан во Собранието на Република Македонија по повод 8 Април – Меѓународен ден на Ромите
- Детали
- Објавено: 04 Април 2018
- Посети: 3354

Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ во среда (4 април 2018) го одржа настанот „Ромите во Република Македонија“ по повод 8 Април – Меѓународен ден на Ромите . Настанот се одржа во Собранието на Република Македонија (сала Борис Трајковски), со почеток од 10:00ч. Говорници на настанот беа: г. Горан Мисовски, потпретседател на Собранието на Република Македонија, г. Самка Ибраимовски и г. Амди Бајрам, пратеници во Собранието на Република Македонија, г.Џеват Адеми, член на Комитетот за односи меѓу заедниците и г.Силхан Саитов, проектен менаџер на ЗГ „Ромаверзитас“.
Лансирана програмата за поддршка и интеграција на Ромите на локално ниво РОМАКТЕД
- Детали
- Објавено: 02 Април 2018
- Посети: 9297


Советот на Европа преку Програмската Канцеларија во Скопје и Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите „Сонце“ја лансираа новата Програма за поддршка и интеграција на Ромите на локално ниво РОМАКТЕД, која е заедничка иницијатива на Европската Унија (DG NEAR) и Советот на Европа.
Стартот на програмата се случи на конференција за „Промовирање на доброто управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“. Цел на заедничката програма РОМАКТЕД е да се изгради политичка волја и одржлив политички ангажман на локалните власти за подобрување на демократското владеење и зајакнување на локалните ромски заедници.
На конференцијата учествуваа претставници од локалните општини, општински заедници, ромското граѓанско општество, агенциите за развој и претставници на меѓународната заедница. Настанот се доживеа како платформа за меѓусекторска размена на можности во областа на интеграција на Ромите во Република Македонија.
Ромаверзитас на средби со матурантите Роми
- Детали
- Објавено: 02 Април 2018
- Посети: 9593


Информативни средби со матурантите Роми од средните училишта во Македонија одржуваат претставниците на здружението на граѓани „Ромаверзитас“. Целта на средбите е остварување комуникација со матурантите Роми за нивно понатамошно професионално ориентирање и кариерно планирање, како и за интегрирање во високото образование.
Овие средби се организираат во скопските средни училишта „Арсени Јовков“, „Д-р Панче Караѓозов“, „Васил Антевски – Дрен“, „Здравко Цветковски“, „Шаип Јусуф“, „Јосип Броз – Тито“, „Никола Карев“, „Орце Николов“, „Браќа Миладиновци“, „Марија Кири – Склодовска“, „Владо Тасевски“, „Боро Петрушевски“ и „Кочо Рацин“.
Кои фактори ги мотивираат младите Роми да продолжат со своето образование?
- Детали
- Објавено: 02 Април 2018
- Посети: 10337


Главни мотивациски фактори за продолжување на образованието кај Ромите се желбата за подобар животен стандард и подобра работна позиција, желбата и љубовта за успешен професионален и академски развој и волјата за вложување во ромската заедница. Ова го покажа спроведената анкета насловена како „Што те мотивира да продолжиш да се образуваш“.
За да се реализираат овие предуслови, велат испитаниците во анкетата, важни се семејната поддршка, инспирацијата од успешните Роми и финансиските можности овозможени од фондовите за ромската заедница.
Во анкетата, од контактирани 80 Роми од прв и втор циклус на студии, одговорија 50 студенти. Според нив, со стекнување поголема титула се менува веќе познатата слика за Ромите, сé има поголемо влијание врз вклученоста и унапредување на општеството и општествените процеси.