Туторска поддршка за секој студент
- Детали
- Објавено: 09 Јануари 2018
- Посети: 8489
Секој студент што има потреба од академска помош и поддршка за одреден наставен предмет може да побара туторска поддршка од Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“. Постапката е едноставна – се поднесува барање најмалку еден месец пред одржување на првиот туторски час.
Во организацијата постои база на пријавени тутори кои може да одговорат на сите предизвици со кои се соочуваат студентите Роми. Пријавувањето на потребата за туторски час се прави преку маил, порака на Фејсбук или телефонски повик до Организацијата, која потоа ја почнува процедурата за регистрација преку барање за туторство.
Сто стипендии за студенти Роми
- Детали
- Објавено: 09 Јануари 2018
- Посети: 9263
Вкупно 100 студенти Роми ќе бидат стипендирани во текот на своето образование согласно Конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2017/2018 година.
Конкурсот го објави Министерството за образование и наука. Стипендија ќе добијат студенти припадници на Ромската етничка заедница, кои се државјани на Република Македонија и не користат друга стипендија.
Дури 75 проценти од Ромите во Македонија се невработени
- Детали
- Објавено: 28 Декември 2017
- Посети: 7306
Ромскиот Образовен Фонд, согласно своите анализи, тврди дека дури 75 проценти од Ромите во Македонија се невработени. Според РЕФ, 88 отсто од нив имаат нецелосно основно образование, односно 4.4 проценти нецелосно средно образование.
„Анализите покажуваат дека стапката на невработеност на Ромите изнесува 75 отсто, што е највисока од сите етнички заедници во Македонија, а повеќе од двојно од националниот просек. Иако, официјалните податоци укажуваат на тоа дека Ромите сочинуваат 47% од сите невработени лица и обезбедуваат увид во образовниот профил на невработените Роми: 88% имаат целосно или нецелосно основно образование, 4,14% имаат целосно или нецелосно средно образование, а потоа 1% има завршено високо образование“, вели Сенад Мустафов, претставник на РЕФ во Македонија.
Да се спомене и да не се заборави
- Детали
- Објавено: 16 Август 2017
- Посети: 12996
Студенти Роми, заедно со организацијата Ромаверзитас, организираа јавен настан на 3-ти август, по повод Денот за сеќавање на геноцидот врз Ромите. Притоа, од Меморијалниот Центар на Евреите од Македонија и од плоштадот Македонија, беа испратени две пораки „Да не заборавиме“ и „Геноцидот врз Ромите да се спомене и да не се повтори“.
„Во Австрија, Албанија, Германија, Србија, Украина, Унгарија, Франција и други европски земји, Ромите се официјално спомнати и признати како жртви на геноцидот. Во Македонија се комеморира само 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот. Македонија треба да го следи примерот на многуте европски земји“, вели Силхан Саитов, проектен менаџер во Ромаверзитас.