Националан настан за креирање на политики за Роми во областа на образование и вработување „ПРЕДИЗВИЦИ И МОЖНОСТИ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ РОМИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“
- Детали
- Објавено: 17 Април 2019
- Посети: 1563

Ромскиот образовен фонд (РЕФ) во соработка со партнерските организации Ромаверзитас, Асоцијација за демократски развој на Ромите – Сонце и Ромски ресурсен центар на 12 Април 2019 година во Skopje city hall, го оргаанизираа настанот за креирање политики за Роми во областа на образование и вработување „Предизвици и можности за децата и младите Роми“. Настанот е организиран во рамките на проектот "Зголемени образовни можности за студенти и млади Роми во Западен Балкан и Турција", спроведуван од страна на РЕФ и финансиран од Европската Унија.
Ромаверзитас свечено го одбележа Меѓународниот ден на Ромите, Република Северна Македонија е „едно општество за сите“
- Детали
- Објавено: 08 Април 2019
- Посети: 1739

За „Предизвиците и перспективите на Ромите во Република Северна Македонија“, денес, по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8-ми април, ЗГ „Ромаверзитас организираше настан во Собранието на РСМ каде говореа премиерот Зоран Заев, потпретседателот на Владата, Бујар Османи, шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар, извршниот директор на Ромскиот Образовен Фонд, Надир Реџепи и неколку ромски активисти – членови на граѓанската организација „Ромаверзитас“, Фикрија Таир, Елвис Шаќири и Сенада Сали.
Ораторски настапи на студентите на Ромаверзитас „Ромскиот народ - МИНАТО, СЕГАШНОСТ,ИДНИНА“
- Детали
- Објавено: 05 Април 2019
- Посети: 1583


Реалното секојдневие и предизвиците на Ромите беа дел од темите кои, вчеравечер, ги говореа ораторите на темата „Ромскиот народ - МИНАТО, СЕГАШНОСТ, ИДНИНА“. Ораторската вечер ја организираше здружението на граѓани „Ромаверзитас“ по повод 8-ми Април – Меѓународниот ден на Ромите.
Ромаверзитас со поддршка на 107 млади Роми
- Детали
- Објавено: 02 Април 2019
- Посети: 1809


Повеќе од сто млади Роми, студенти и средношколци, станаа стипендисти на Здружението „Ромаверзитас“ со што се вклучија во проектот за зголемување на нивото на квалитетно образование и личен развој.