Еднодневна работилница на тема: Презентациски вештини
- Детали
- Објавено: 28 Февруари 2017
- Посети: 10459
На 25 Февруари 2017 беше одржана еднодневна работилница на тема: Презентациски вештини. На оваа работилница присувствуваа студенти Роми од Скопје, Штип и Тетово кои се запознаа со чекорите за подготвување на успешна презентација и ги совладаа вештините на еден успешен презентер. Во опуштена атмосфера студентите учеа за самостојно презентирање, групно презентирање и креирање на едноставна, јасна и интересна презентација како и нејзино поатрактивно презентирање се со цел задржување на вниманието на публиката.
Одржана еднодневна работилница на тема: Техники на академско пишување
- Детали
- Објавено: 22 Февруари 2017
- Посети: 13648
На 18 Февруари 2017 беше одржана еднодневна работилница на тема: Техники на академско пишување. На оваа работилница присувствуваа студенти Роми од Скопје, Штип и Тетово кои се запознаа со основната структура на еден есеј, критичка анализа на туѓ текст (есеј), основните сегменти на добро напишан есеј (структура, техничка среденост, јазична правилност, стил), основни видови на есеј, основна структура на семинарски труд и разлики помеѓу есеј и семинарски труд.
Работилница на тема: Методологија на научно истражувачка работа
- Детали
- Објавено: 04 Јануари 2017
- Посети: 11002
На 17 и 24 Декември 2016 беше одржана дво-дневна работилница на тема: Методологија на научно истражувачка работа. На оваа работилница присувствуваа студенти Роми од Скопје, Штип и Тетово кои се запознаа со основните поими во научно истражувачката методологија, стекнаа способност за самостојно и/или менторски водено применување на основните методи во научно истражувачката работа на основно ниво и се информираа за дополнителни извори на информации (учебници, водичи и останата литература) за обработената тема за понатамошно образование и усовршување. Сите овие концепти, кои беа распределени во два дена поради нивно поуспешно совладување, ги поттикнаа студентите да споделат искуства и чести грешки во оваа област кои преку интеркативен пристап ги надминаа и се здобија со основата за подготовка на идна научно истражувачка работа.
Доделени сертификати за успешно завршен курс по компјутери во Скопје и Тетово
- Детали
- Објавено: 04 Јануари 2017
- Посети: 13207
Во Ноември и Декември 2016 година во Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во Скопје и Тетово, беа одржани курсеви по компјутери за студенти Роми со цел стекнување со основни и напредни вештини за работа со програмите Microsoft Word, Excel и Power Point 2013. По завршувањето на курсот, со сертификат за успешно завршен курс по компјутери се стекнаа 39 студенти од Скопје и 10 студенти од Тетово.





















