Тродневен тренинг на тема: Раководење со проектен циклус и мобилизирање на средства
- Детали
- Објавено: 02 Мај 2017
- Посети: 8618
Од 21-23 Април 2017 беше одржан тродневен тренинг на тема: Раководење со проектен циклус и мобилизирање на средства. На оваа работилница присувствуваа студенти Роми од Скопје, Штип и Тетово кои се запознаа со концептот на подготовка на проект, проектни методологии и програми за поддршка и дефинирање на тема за развој на проект за специфична донаторска програма.
Анализата на главните проблеми/предизвици (Дрво на Проблеми), изработката на логичката рамка и можните стратегии за финансирање на проекти/активности на здруженија беа оставени за вториот и третиот ден од работилницата во кои учесниците поделени во групи работеа на анализа на реален проект.
Ромскиот народ - минатост, сегашност, иднина
- Детали
- Објавено: 13 Април 2017
- Посети: 8470
На ден 07 Април 2017 се одржа настан за ораторски настапи на тема „Ромскиот народ - минатост, сегашност, иднина“ се со цел одбележување на Меѓународниот ден на Ромите - 8ми Април.
На овој настан 7 говорници Роми говореа на различни теми кои се актуелни за Ромскиот народ денес, а се поврзани и со минатото, сегашноста и иднината на Ромите.
По завршувањето на делот со говорите, се разви и богата дискусија со многубројната публика во Музејот на македонската борба во Скопје.
Во прилог проследете го фото албумот во кој сликите зборуваат сами за себе. Благодарност до говорниците, менторот Лазар Ѓуров и сите што земаа збор во делот со дискусијата од тимот на ЗГ „РОМАВЕРЗИТАС“.
Работилница на тема: Идентитет и Ромско движење
- Детали
- Објавено: 21 Март 2017
- Посети: 8182
На 18 Март 2017 беше одржана еднодневна работилница на тема: Идентитет и Ромско движење. На оваа работилница присувствуваа студенти Роми од Скопје, Штип и Тетово кои се запознаа со концептот на Идентитет и свесност за сам себе, разноликоста на идентитетот на една личност, факторите кои влијаат врз изградбата на личниот и колективниот идентитет како и површна анализа на етничкиот и политичкиот идентитет на Ромите во Македонија. При процесот на усвојувањето на сите горенаведени точки се дискутираше на табу теми од областа на етничкиот и политичкиот идентитет на Ромите во Македонија.
Одржана еднодневна работилница на тема: Ромски јазик, историја и култура
- Детали
- Објавено: 13 Март 2017
- Посети: 8450
На 11 Март 2017 беше одржана еднодневна работилница на тема: Ромски јазик, историја и култура. На оваа работилница присувствуваа студенти Роми од Скопје, Штип и Тетово кои се запознаа со потеклото на јазикот на Ромите, основите на ромскиот јазик (народен и литературен), основните обележја на ромската култура и традиционалните културни вредности.
Воедно, го изучија и патот на преселбата на Ромите со акцент на појаснувањето на патешествието на Ромите од Индија до сите делови на светот и приближување на историските придобивки на Ромите до помладата генерација.