Доделени сертификати за успешно завршен курс по компјутери во Скопје и Тетово
- Детали
- Објавено: 04 Јануари 2017
- Посети: 10356
Во Ноември и Декември 2016 година во Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во Скопје и Тетово, беа одржани курсеви по компјутери за студенти Роми со цел стекнување со основни и напредни вештини за работа со програмите Microsoft Word, Excel и Power Point 2013. По завршувањето на курсот, со сертификат за успешно завршен курс по компјутери се стекнаа 39 студенти од Скопје и 10 студенти од Тетово.
Работилница на тема: Менаџирање на време за ефективно учење
- Детали
- Објавено: 13 Декември 2016
- Посети: 8804
На 26 Ноември 2016 беше одржана работилница на тема: Менаџирање на време за ефективно учење. На оваа работилница присувствуваа студенти Роми од Скопје, Штип и Тетово кои се запознаа со концептите за тоа што е време како поим, менаџирање на времето, матрица за селекција на активности и нејзина имплементација и концепт на креирање на To-Do листа. На крајот научија како да имплементираат план за менаџирање на време и како да ги избегнат многуте така наречени „Крадци на време“.Сите овие теоретски концепти беа придружени со интерактивни игри со кои студентите меѓусебно разменија мислења за нивниот концепт за менаџирање на време што го применуваа до работилницата и што е она што треба да го променат во своето идно планирање на активностите.
Доделени сертификати за успешно завршен курс по компјутери во Скопје, Штип и Тетово
- Детали
- Објавено: 28 Ноември 2016
- Посети: 8414
Во Октомври и Ноември 2016 година во Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во Скопје, Тетово и Штип, беа одржани курсеви по компјутери за студенти Роми со цел да ги подобрат нивните вештини за работа со компјутери, односно да се стекнат со основни и напредни вештини за работа со програмите Microsoft Word, Excel и Power Point 2013. По завршувањето на курсот, со сертификат за успешно завршен курс по компјутери се стекнаа 42 студенти од Скопје, Тетово и Штип.
Овие курсеви по компјутери се дел од проектот „Ромаверзитас – академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“, кој е финансиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), Будимпешта.
Работилница на тема: Комуникација со јавноста и новинарско изразување
- Детали
- Објавено: 28 Октомври 2016
- Посети: 7939
На 22 Октомври 2016 беше одржана работилница на тема: Комуникација со јавноста и новинарско изразување во РОМАВЕРЗИТАС во Скопје. Со оваа работилница учесниците се запознаа со поимите информација, новост, вест и новинарство, со видовите медиуми и структура на медиуми. Покрај тоа, стекнаа знаења и вештини за вест, интервју, репортажа и други видови на новинарско изразување. Во попладневниот дел од работилницата учесниците се запознаа со поимот јавност и јавно мислење, кое беше основа за продуктивна интеракција и придонес на учесниците за концептот на електронското списание „Рома Индекс“. Учесниците, преку работа во групи и дискусија го изразија нивното размислување по однос на целта, содржината и уредувањето на „Рома Индекс“, електронското списание на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“.