Македонија интензивно работи на интеграција на Ромите
- Детали
- Објавено: 31 Октомври 2018
- Посети: 1309


Македонија работи на намалување на видливите разлики во третманот на Ромите и на останатите етнички групи, иако интеграцијата на Ромите е мошне подобрена. Индикатор за ова е посебната ставка за Ромите во државниот буџет (пари наменети за најважните од Стратегијата за Роми - образование, домување, вработување и здравство). Од 2009 година, Министерството за труд и социјална политика нагласува дека за имплементирање на проектите од оваа Стратегија биле одвоени околу 5,7 миниони евра.
Нов проект „Биди дел од заедницата – дебатирај!“
- Детали
- Објавено: 25 Октомври 2018
- Посети: 4655

За да се зголеми учеството на студентите Роми во креирањето политики поврзани со ромската заедница, организацијата „Ромаверзитас“ стартуваше нов проект со наслов „Биди дел од заедницата – дебатирај“. Проектот се спроведува во форма на дебата на која студентите ги искажуваат своите мислења, аргументи и различности во пристапите кон решавање на проблемите на ромското население. Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено Општество-Македонија.
Микроистражување „Ставови и мотиви на матурантите Роми за (не)продолжување на своето образование“
- Детали
- Објавено: 25 Октомври 2018
- Посети: 4422


Во спроведеното микроистражувањето на тема „Ставови и мотиви на матурантите Роми за (не)продолжување на своето образование“ авторите Кенан Таир и Лебишка Селоска под менторство на м-р Мануела Демир дефинираа неколку заклучоци, како што се:
-при одлучувањето за упис на факултет кај најголем процент на матурантите Роми се земаат предвид: можноста за идното вработување, стекнувањето знаења и вештини при процесот на образование и можноста за градење кариера по дипломирањето;
-53 матуранти (односно 63 % од испитаниците) планираат да се запишат на додипломски студии на некои од универзитетите во Македонија, додека 19 матуранти (односно 22 %) имаат донесено одлука за непродолжување на своето образование;
-како причини за непродолжување на образованието, главно се наведуваат: ниски семејни приходи, желбата за вработување, заминувањето во странство, слабиот училиштен просек и немањето лична желба за продолжување на образованието.
Повик за доставување на понуди за курс по компјутерска едукација
- Детали
- Објавено: 25 Октомври 2018
- Посети: 4375


Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ Скопје Ве покануваат да доставите понуда за спроведување на курсеви по компјутерска едукација за програмите на Microsoft Word, Excel и Power Point и користење на интерент/меил, за основно и средно/напредно ниво за студенти Роми, во рамки на проектот: „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.
Доставувањето на понуди за курсеви по компјутерска едукација е најдоцна со 30.10.2018