Работилница на тема: Техники за ефективно и ефикасно учење
- Детали
- Објавено: 29 Септември 2016
- Посети: 10368
На 24 Септември 2016 година беше одржана работилница на тема: Техники за ефективно и ефикасно учење, како една од работилниците за зајакнување на академските способности на студентите Роми во рамки на проектот „Ромаверзитас - академска и друга поддршка за студенти Роми во Македонија“.
Работилницата имаше за цел учесниците да се стекнат со:
- познавање на техниките и стратегиите за ефикасно и ефективно учење
- препознавање на својот стил на учење
- запознавање со најзначајните современи методи за успешно учење
- ослободување од стресот пред испит
Информативна средба со студенти Роми во академската 2016/2017 година - Скопје
- Детали
- Објавено: 29 Септември 2016
- Посети: 7961
На 23 Септември 2016 година во Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС" во Скопје беше одржана информативна средба со студенти Роми кои досега не беа корисници на проектните активности.
Целта на информативната средба беше да се информираат студентите Роми за Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС", за активностите на проектот, како и за отворениот повик за вклучување на студенти Роми во активностите на проектот „Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“ за академската 2016/2017 година.
Работилница на тема: Техники за академско пишување
- Детали
- Објавено: 25 Јули 2016
- Посети: 8518
На 11 Јули 2016 година беше одржана работилница на тема „Техники за академско пишување“, како една од работилниците за зајакнување на академските перформанси и вештини на студентите Роми, во рамки на проектот “Ромаверзитас - академска и друга поддршка за студенти Роми во Македонија“.
Работилницата на тема „Техники за академско пишување“ имаше за цел да се запознаат студентите со техниките на пишување семинарски труд, есеј и научен труд, да ги применат стекнатите знаења во пишување на план за изработка на семинарски труд, есеј и научен труд и да ги применат стекнатите знаења и вештини во текот на нивното студирање.
Доделени сертификати за успешно завршен курс по странски јазици во Скопје
- Детали
- Објавено: 15 Јули 2016
- Посети: 10354
На 27 Јуни 2016 година во Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во Скопје беа доделени сертификати за успешно завршен курс по странски јазици на студенти Роми кои студираат во Скопје, од кои 27 студенти Роми успешно завршија курс по Англиски јазик и 5 студенти Роми успешно завршија курс по Германски јазик.
Курсот по странски јазици беше реализиран во тримесечен период од страна на Центарот за странски јазици „ЛИНГВА ФРАНКА“.
Курсот по странски јазици е дел од Проектот „Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“ и има за цел да ги надгради индивидуалните знаења и вештини за странски јазици на студентите Роми.